Skip to product information
1 of 1

Boboo Hydrashield крема за лице – Дуо сет

Boboo Hydrashield крема за лице – Дуо сет

Твојата секојдневна крема за лице која нуди многу повеќе од обична хидратација. Лесна на кожата, но со моќно дејство во длабочина, оваа сеопфатна формула хидрира, штити, зајакнува и обновува — без да остава чувство на тежина или маснотија на кожата.

Збогатена со состојки кои ја негуваат кожата

  • Зелен чај, коприва и поточарка помагаат во заштитата на кожата од секојдневните штетни влијанија.
  • Масло од шипка и масло од семки од калинка придонесуваат за здрав и природен сјај на кожата.
  • Хијалуронска киселина и пантенол обезбедуваат длабинска хидратација.
  • Карите путер и какао путер ја задржуваат влагата, оставајќи ја кожата мека и мазна.

Сè во едно! Хидратација. Заштита. Обнова. Сјај.

Количина: 50 мл

Regular price €39,90 EUR
Regular price €49,80 EUR Sale price €39,90 EUR
Sale Sold out
Taxes included.
Quantity
View full details
60-дневна гаранција

Користи ја секој ден во текот на 60 дена. Не ги доби посакуваните резултати? Не грижи се, ќе ти ги вратиме парите!

ШТО СОДРЖИ (состојките што ја прават посебна)

Богата со моќни растителни состојки кои ретко се среќаваат заедно во една крема за лице, оваа формула нуди многу повеќе од обична хидратација. Ѝ го обезбедува на твојата кожа она што ѝ е потребно за да изгледа поздраво, поцврсто и посјајно.

Во неа нема вистинско злато, но оваа комбинација од состојки е вистинско злато за твојата кожа — овозможувајќи ѝ природна, луксузна нега, богата исхрана и прекрасен сјај.

  • Масло од шипка

    jа храни, го осветлува тенот и го поттикнува обновувањето на кожата

  • Екстракт од полско коњско опавче

    богат со минерали кои помагаат во зајакнувањето и затегнувањето на кожата

  • Масло од семки од калинка

    ја подобрува еластичноста преку активирање на фибробластите

  • Екстракт од поточарка

    помага во прочистувањето и враќањето на свежината и сјајот на кожата со уморен изглед

  • Екстракт од коприва

    ја активира природната одбрана на кожата и ја зајакнува антиоксидантната заштита

  • Екстракт од зелен чај

    помага во заштитата на кожата од штетните УВ-зраци и влијанијата на околината

  • Хијалуронска киселина и глицерин

    продира длабоко во кожата и обезбедува долготрајна хидратација

  • Карите и какао путер

    ја задржува хидратацијата и ја подобрува еластичноста на кожата

  • Провитамин Б5

    ја смирува, обновува и зајакнува заштитната бариера на кожата

  • Масло од семки од кајсија

    ја омекнува кожата и ѝ ја враќа природната еластичност

  • Хидролат од дамасканска роза

    ја тонизира и освежува кожата, давајќи ѝ свеж и природно сјаен изглед

  • Екстракт од римска камилица

    помага во смирувањето на иритациите и чувствителноста на кожата

ШТО ДА ОЧЕКУВАШ

ПО КОРИСТЕЊЕ НА Boboo Hydrashield кремата за лице

По првото нанесување

Твојата кожа веднаш е хидрирана, помека и видливо посјајна. Сувоста се намалува, а кожата добива мазен, здрав и природно сјаен изглед.

По подолга употреба

Со редовна употреба, твојата кожа станува поотпорна, пополна и поизбалансирана. Фините линии стануваат помалку видливи, еластичноста се подобрува, а природниот сјај на кожата е сè поизразен од ден на ден.

Пробај ја Boboo Hydrashield кремата за лице

Веруваме дека твојата кожа заслужува повеќе

Одиме чекор подалеку од трендовите и маркетиншките ветувања, создавајќи внимателно осмислени формули богати со состојки избрани поради нивните вистински придобивки за кожатa

ПОДОБРИ СОСТОЈКИ. ПОДОБРА КОЖА.

ЗОШТО ЖЕНИТЕ ЈА ИЗБИРААТ Boboo Hydrashield КРЕМАТА ЗА ЛИЦЕ?

Веруваме дека убавата и здрава кожа започнува со правилна нега. Секоја состојка е внимателно избрана со една цел — да ја храни, хидрира и да ѝ помогне на твојата кожа да ја задржи својата природна рамнотежа.

Твојата кожа го заслужува најдоброто. Boboo Hydrashield кремата за лице е создадена со посебно внимание за твојата кожа со текот на времето да изгледа поздраво, посвежо и посјајно.

Нашата формула содржи растителни екстракти, масла богати со антиоксиданси и активни состојки кои заедно обезбедуваат долготрајна хидратација, длабинска нега и помагаат во зајакнувањето на заштитната бариера на кожата.

Моќта на природата. Нега што прави разлика. Нашите состојки помагаат кожата да ја задржи влагата, ја ублажуваат сувоста и ја поддржуваат нејзината природна заштита од секојдневните штетни влијанија на околината.

Зошто СОСТОЈКИТЕ на Boboo Hydrashield КРЕМАТА ЗА ЛИЦЕ СЕ ТОЛКУ МОЌНИ?

Растенија што растат во сурови природни услови

Најмоќните растителни состојки не потекнуваат од идеални услови. Растенијата се изложени на ветер, температурни промени, силно сонце и различни временски услови. За да опстанат, тие природно создаваат заштитни соединенија, антиоксиданси и хранливи материи кои им помагаат да се заштитат и зајакнат. Токму овие состојки можат да бидат корисни и за твојата кожа.

Богатство од хранливи состојки, без непотребни додатоци

За разлика од конвенционалната козметика, која често содржи силикони, синтетички додатоци и евтини состојки за пополнување на формулата, Boboo се фокусира на растителни екстракти богати со хранливи материи. Тие содржат витамини, антиоксиданси, масни киселини и биоактивни соединенија кои ја негуваат кожата и придонесуваат за поздрав, посвеж и природно сјаен изглед.

Пробај ја Boboo Hydrashield кремата за лице
  • „Имам пробано десетици креми што ветуваат природен сјај, но на крај кожата ми изгледаше само мрсно. Со Boboo е сосема поинаку! По само една недела, мојата уморна кожа без сјај изгледаше многу посвежо и поздраво, како штотуку да сум била на луксузен третман за лице. Кремата веднаш се впива, а кожата ми останува свежа и сјајна цел ден. Не можам да се наситам од неа!“

    Тијана, 27

  • „Порано никако не можев да најдам крема што добро ќе ми ја хидрира кожата, без да ми предизвика иритации или мозолчиња. Имам многу чувствителна кожа, но Boboo кремата за лице е толку нежна, а сепак одлично хидрира. Нема агресивни состојки, нема вештачки мириси — само природни состојки што вистински ја негуваат кожата. А најдобро од сè? Црвенилото на лицето целосно ми исчезна!“

    Евгенија, 31

  • „Ако сакаш кожата да ти биде мазна, свежа и убаво хидрирана пред да нанесеш шминка, оваа крема е вистинскиот избор! Со Boboo кожата ми е неверојатно мазна, шминката убаво се нанесува, а кремата не се рони и не оставачувство на тежина. Како да ѝ даваш на кожата чаша вода! Доволна е само мала количина, а ефектот е одличен. Откако почнав да ја користам, веќе не ми се потребни три производи од мојата утринска рутина!“

    Сара, 28

1 of 3

FAQs

Целосен состав

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, ROSA DAMASCENA FLOWER WATER, PRUNUS ARMENIACA KERNEL OIL, CAPRYLIC / CAPRIC TRIGLYCERIDE, CETEARYL ALCOHOL, BUTYROSPERMUM PARKII, SEED BUTTER, AQUA (AND) GLYCERIN (AND) SODIUM, LEVULINATE (AND) SODIUM ANISATE, GLYCERYL STEARATE CITRATE, GLYCERIN, PUNICA GRANATUM (POMEGRANATE) SEED OIL, THEOBROMA CACAO SEED BUTTER, GLYCERYL STEARATE, NIGELLA SATIVA SEED OIL, MALTODEXTRIN (AND) NASTURTIUM OFFICINALE FLOWER / LEAF / STEM EXTRACT (AND) HYDROGENATED LECITHIN (AND) EQUISETUM ARVENSE EXTRACT (AND) URTICA DIOICA LEAF EXTRACT (AND) SODIUM CHLORIDE, ROSA CANINA FRUIT OIL, GLYCERYL CAPRYLATE, PANTHENOL, CAMELLIA SINENSIS LEAF EXTRACT, TOCOPHEROL, XANTHAN GUM, BISABOLOL, SODIUM HYALURONATE, SODIUM PHYTATE, ANTHEMIS NOBILIS FLOWER OIL, CITRIC ACID, ROSE FLOWER OIL / EXTRACT, PINENE.

Што ја прави Boboo Hydrashield кремата за лице посебна?

Boboo Hydrashield е 100% природна крема за лице, создадена за секојдневна нега која нуди многу повеќе од хидратација. Нејзината формула содржи внимателно избрани растителни состојки кои помагаат кожата да ја задржи влагата, ја поддржуваат нејзината природна заштитна бариера и ја штитат од секојдневните штетни влијанија на околината.

Нашата цел? Твојата кожа да биде мека, хидрирана и негувана, со пријатно чувство во текот на целиот ден.

Кои се главните придобивки од Boboo Hydrashield кремата за лице?

Boboo Hydrashield е создадена за да одговори на три основни потреби на твојата кожа: долготрајна хидратација, зајакнување на природната заштита на кожата и заштита од штетните влијанија на слободните радикали.

Благодарение на внимателно избраните растителни состојки, кремата помага кожата да ја задржи влагата, да се заштити од секојдневните штетни влијанија на околината и да изгледа помазно, поцврсто и поздраво.

Дали Boboo Hydrashield помага во заштитата на кожата од загадувањето и штетните влијанија на околината?

Да. Boboo Hydrashield содржи внимателно избрана комбинација од растителни екстракти од поточарка, коприва, полско коњско опавче и зелен чај, познати по своите антиоксидантни својства. Овие состојки помагаат во зајакнувањето на природната одбрана на кожата и нејзината заштита од секојдневното загадување и штетните влијанија на околината.

Дали Boboo Hydrashield може да помогне кожата да изгледа поцврста и поеластична?

Да. Boboo Hydrashield содржи масло од шипка, масло од семки од калинка, екстракт од зелен чај и Д-пантенол — состојки богати со хранливи материи и антиоксиданси кои ја негуваат кожата и придонесуваат за помазен, поцврст и поеластичен изглед.

Дали Boboo Hydrashield ја одржува кожата хидрирана цел ден?

Да. Хидратацијата е во сржта на Boboo Hydrashield кремата за лице. Нашата формула содржи карите масло и какао путер, хидролат од дамаска роза, масло од семки од црн ким, масло од семки од кајсија, римска камилица, глицерин и хијалуронска киселина со ниска молекуларна тежина. Оваа комбинација помага да се задржи влагата во кожата, длабински ја негува и ја одржува мека, мазна и хидрирана во текот на целиот ден.

Дали можам да ја користам Boboo Hydrashield кремата за лице ако имам чувствителна кожа?

Boboo Hydrashield е дерматолошки тестирана од независна лабораторија. При испитувањето на подносливоста на кожата не се забележани иритации или алергиски реакции, а формулата е оценета како таква што не предизвикува иритација.

Кремата содржи и состојки кои ја негуваат кожата, како римска камилица и масло од црн ким.

Бидејќи секоја кожа е различна, препорачуваме пред првата употреба да ја испробаш кремата на мал дел од кожата, особено ако имаш многу чувствителна кожа или кожа склона кон реакции.

Како да ја користам Boboo Hydrashield кремата за лице?

Нанеси 1–2 дози од кремата на чиста кожа на лицето, вратот и деколтето. Нежно масирај додека целосно не се впие.

Користи ја наутро и навечер, самостојно или како дел од твојата секојдневна рутина за нега на кожата. Наутро нанеси ја пред производот со заштитен фактор (SPF), а навечер нека биде последниот чекор во твојата рутина.

Благодарение на хранливите состојки, Boboo Hydrashield помага кожата да остане мека, мазна и хидрирана, а воедно ја поддржува нејзината природна заштитна бариера.